Со СДСМ не очекува енергетска криза. Не знаат како да се справат со недостатокот на енергија, а сега посегаат и по покачување на цените на горивата.

РКЕ на Бислимовски ги покачува цените на горивата. Од утре ќе плаќаме 2.5 денари повеќе за дизелот, а за бензините 2 денари.

Во последната година ипол цената бензинот од 50 денари, колку што бил во април 2020 година е качена на 75.5, а од утре ќе биде 77.5 денари, тоа е зголемување за 27.5 денари за година ипол. Додека цената на дизелот од 46 денари во април 2020 година сега е 65 денари, а од утре ќе се продава по цена од 67.5 денари, тоа е покачување од 21.5 денари.

И бензинот и дизелот само во последната година ипол се покачени за 50%.

Ова е грабежот кој го спроведува Заев. Народот плаќа 50% поскапи горива.

На грабежот мора да му дојде крај. Излези и гласај за промени.


Администратор
12/10/2021 16:08