Криминалниот режим повторно посегнува да креира предизборен притисок врз опозицијата и ја доведува во прашање кредибилноста на целиот изборен процес.

Министерот ЗА корупција Љупчо Николовски организира политички прогон против кандидат за градоначалник на опозицијата во изборни цели, злоупотребувајќи ист предмет за кој што Јавното обвинителство за организиран криминал водено од Вилма Русковска уште во период 2017-2018 година го има истражено, и констатира дека нема криминал и за тој случај нема постапка.

Сега Љупчо Николовски во својство на генерален секретар на СДСМ организира политички прогон преку својата испостава Управата за финансиска полиција и директорот Арафат Муареми, за истиот предмет, целосно разгледан и одбиен од ЈО за организиран криминал, „по анонимна пријава“, при распишани избори и потврдени кандидатури, прави притисок во функционирањето на општината и на градоначалникот, и поднесува кривични пријави за предмет за којшто Русковска пред четири години потврдила дека нема дело.

Криминалниот режим којшто не чувствува одговорност за 14 живи запалени пациенти, не чувствува одговорност за фалсификување пасоши за меѓународни крими групи, нема одговорност за шверц и трговија со дрога, криминалниот режим кому затвореници убиваат возејќи на патиштата, бескрупулозно злоупотребува институции во изборни цели при распишани избори и потврдени кандидатури.

Успехот во водењето на Општина Петровец од страна на Борче Митевски е неспорен, неговиот кредибилитет кај граѓаните на Петровец ќе биде потврден на изборите и ниту една лажна пријава и политички притисок нема да ги разниша.

СДСМ и крими - коалицијата на власт се во слободен пад и секој што ќе продолжи да ја злоупотребува власта треба да биде свесен за последиците коишто таа злоупотреба ги предизвикува.


Администратор
24/09/2021 20:44