ЈП Лајка наместо за заштита и згрижување на животните служи како претпријатие за исцрпување на пари од страна на дел од вработените и членовите на УО на чело со Тина Петрушевска, поставена директно од Петре Шилегов, за личен бенефит.

Според информациите кои ние ги имаме во ЈП Лајка има голем број судир на интереси кој е овозможен од Тина Петрушевска, именувана лично од Петре Шилегов. Имено претседателот на УО на ЈП Лајка, Никола Савовски кој во исто време е и вработен во АХВ, а од каде како вработен е давател на услуги на претпријатието. Едноставно кажано претседателот на УО на Лајка, Савовски го најмува вработениот Савовски да извршува одредени работи во корист на претпријатието.

Уште полоша ситуација имаме со примерот на професорот од Ветеринарниот факултет Влатко Илиевски, кој е исто така е член на УО Лајка, и Илиевски се јавува како експерт при факултетот за ветерина кој е најмуван за давање на услуги на ЈП Лајка.

Во случаите со Савовски и Илиевски имаме чист судир на интереси, тие како претседател и член на УО се исплаќаат самите себе за вршење на услуги кон ЈП Лајка од име на други институции каде што се научни соработници или вработени.

Ист е случајот и со членот на УО, Љупка Аврамовиќ, кој е сопственик на коњачкиот клуб „Бравадос“ кој по разни основи наплаќал од ЈП Лајка.

И Илиевски и Савовски и Аврамовиќ имаат увид во финансиската состојба на ЈП Лајка, но и тројцата може да влијаат при евентуална појава на во тендерската постапка на нивните установи или реагенси со цел нивната институција да ја добие работата.

ЈП Лајка е претпријатие за кое пари одвојува Градот Скопје, и општините во Градот Скопје, и затоа е важно како се употребуваат парите кои се добиваат од граѓаните на град Скопје.

Бараме ДКСК да отвори постапка против Тина Петрушевска, која како директор на претпријатието го дозволува овој судир на интереси и веќе подолг период не го спречува истото, но и од страна на институциите да утврдат дали дополнително е нанесена штета на име на граѓаните.

Во текот на идниот период ќе ги изнесеме сите сомнежи и докази за сомнително и недомаќинско работење на ова ЈП Лајка управувано од Тина Петрушевска која е поставена од Петре Шилегов, која наместо за животните се грижи за својот и интерес на шака луѓе околу неа

Интегрален текст од изјава за медиуми, Стефан Кирков


Администратор
24/09/2021 20:43