Портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер, потврди дека претседателката Урсула фон дер Лајен идната недела во Скопје ќе разговара и за спорот со Бугарија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Портпаролот не беше во можност да даде повеќе детали, и рече дека прашањата ќе бидат одговорени на прес конференциите кои ќе се одржат во регионот.

Фон дер Лајен од 28 до 30 септември ќе ги посети сите шест земји од Западниот Балкан почнувајќи од Албанија и Северна Македонија.

-Претседателката оди на Западен Балкан да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот, ова се партнери на ЕУ со кои имаме многу силни врски и посетата ќе биде прилика да се разговара за овие односи вклучително и тоа билатерално прашање, рече Ерик Мамер, зборувајќи за македонско-бугарскиот спор.

Шефицата на Европската Комисија ќе го посети регионот една недела пред Самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи на шести октомври во Словенија со лидерите од регионот.

Од Европската Унија инсистираат дека овој самит нема да биде „самит за проширувањето“ туку прилика да се разговара за односите на ЕУ и регионот


Администратор
24/09/2021 20:43