По повод Светскиот ден на мирот, уметникот Живко Поповски-Цветин, денеска организираше ликовна работилница во возот Скопје-Куманово, по што делата ги подари на ученици од две основни и едно средно училиште од Куманово на Железничката станица во Куманово.

Учениците и наставниците од основните училишта „Толи Зордумис“, „Јероним де Рада“ и од гимназијата „Гоце Делчев“ и уметникот пуштија балони, испраќајќи порака дека мирот е најзначајна работа во светот.

– Во чест на Денот на мирот подарив дела на учениците и на претставници на сојузот на просветни работници. На овој начин го прославуваме овој ден, изјави уметникот Поповски.

На релацијата Куманово-Скопје и шахистот Димитар Илиевски, годинава во чест на Блаже Конески ќе одигра 100 партии шах.

Претседателката на сојузот на просветни работници, Лидија Георгиевска Николовска ја поздрави иницијативата на уметникот, укажувајќи дека преку образованието учениците учат за мирот и начинот на одржување на мирот.


Администратор
21/09/2021 13:29