Лос Анџелес лејкерс најавија партнерство со јужнокорејската компанија за храна „Bibigo“ пред почетокот на сезоната 2021/22.

Страните склучија петгодишен договор вреден над 100 милиони долари.

Во изминатите неколку години, дресовите на Лејкерс го носеа логото на компанијата „Виш“. Отсега ќе стои логото на „Бибиго“.

Според Атлетик, од продажба на дресовите во НБА годишно се остварува профит од 7 до 10 милиони долари.

„Бибиго“ е јужнокорејска компанија која произведува кнедли, сосови и замрзнати јадења.


Администратор
21/09/2021 12:07