Меѓународниот аеродром во Кабул денеска официјално објави дека е отворен за домашни и меѓународни летови, јави агенцијата Каама прес, повикувајќи се на извор од Управата за цивилна авијација.

Како резултат на терористичкиот напад на 26 август, пистата беше сериозно оштетена. Технички експерти од Катар и Турција помогнаа да се обнови меѓународниот аеродром.

Првиот домашен лет од Кабул се реализира на 4 септември, а првиот меѓународен лет од Кабул до Доха беше на 9 септември. На 13 септември, пак, на аеродромот во главниот град на Авганистан слета првиот авион на меѓународен трговски лет од Исламабад.


Администратор
20/09/2021 12:28