Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски направи увид и се информираше до која фаза е реновирањето на објектот кој го користат пензионерите, кој во минатото се користеше за повеќе намени, меѓу кои и како Народна кујна.

Следува и комплетна промена во внатрешниот дел на објектот, ставање нов под, врати, прозорци и други неопходни активности.

„Го средуваме ова катче за пензионерите од овој дел на Бутел. Создаваме и градиме за бутелчани, за сите возрасни категории од нашата Општина“, рече градоначалникот Смилевски.

Објектот се наоѓа помеѓу црквата Св. Јован Крстител и Полициска станица во населеното место Бутел 1. Реконструкцијата на покривот чинеше 1.079.188 денари, без ддв, а ја изведе компанијата Гив Груп.


Администратор
17/09/2021 13:16