Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа откри дека проектот на Мила Царовска за дигитални учебници е имплементиран без соодветен закон.

Тој додава дека тоа е класично кривично дело.

- Пробаа со законот за марихуана па го повлекоа, пробаа со реформа во образование, Мила Царовска е прва која ќе одговара по падот на владата. Во прво и четврто има дигитални учебници, ама нема закон, затоа ќе одговара ќе оди во затвор. Спремни се да се повлечат од проект и да не ги чепнат луѓето од најтесниот круг. Така што овде оставки нема да има. Нив им треба да превеслаат уште 6 работни дена, потоа Собранието не заседава почнува кампања. Очекувам овие денови да сечат ленти, да ветуваат проекти, вработувања, но не им поминува тоа веќе, рече Николоски.