Русија е главната закана за НАТО и Европа, реперкусии ако има злоупотреба на гасоводот Северен поток 2 .
Русија во догледна иднина ќе остане главна закана за Европа и НАТО, најуспешната алијанса во историјата пред која сега стојат предизвици, а САД ќе работат на тоа да има реперкусии за можната злоупотреба на гасоводот „Северен поток 2" од страна на Кремљ.
Ова синоќа пред сенатскиот Комитет за надворешни работи го изјави Џули Смит, кандидат за амбасадор на САД во НАТО.
Според неа, руската агресија, заканите во кибер просторот, и злонамерните активности на Кина во евро-атлантскиот регион се главните предизвици на НАТО.
-Ќе работам на тоа ниту еден од овие предизвици да не биде пречка во раеализацијата на главните задачи на алијансата, а тоа е силна одбрана и задржување за сите свои членови, истакна Смит која изјави дека за ова алијансата и САД подготвуваат нов стратешки концепт, последен пат обновен пред десет години.
На сослушувањето таа рече дека Русија останува главна закана за алијасната во догледна иднина, дека алијансата направила многу по „руската окупација на Украина во 2014 година", но дека агресијата од страна на Москва продолжува.
Според неа, гасоводот е лоша зделка и геополитичко оружје во полза на Крњмљ, „затоа ќе работам со нашите соузници и партнери да се одговори на злоупотребите на овој гасовод."
На сослушувањето исто така учествуваа Денис Бауер, кандидатка за амбасадор на САД во Франција и Монако и кандидатки за уште две високи позиции во Стејт депертментот,