Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари во гостувањето во Тема на денот на Сител Телевизија истакна дека со министерот за здравство Венко Филипче се другари, но тој никогаш не му се јавил за да пијат кафе.

Тој истакна дека воопшто не бил повикан на отворањето на ковид-центарот во Гостивар, иако претходно Владата му наредила да направи бетонска подлога за ковид модуларната болница, како и соодветна сервисна мрежа.

– Од Владата ни стигна наредба дека Општина Гостивар мора да ја направи подлогата за новата модуларна ковид болница, како и да обезбеди соодветна сервисна мрежа. Ние веднаш излеговме пресрет со цел да им помогнеме на нашите сограѓани кои се болни од коронавирусот, а целата таа операција чинеше околу 5.000 евра. Сепак, се снајдовме некако и си ја завршивме работата. Потоа, никој мене не ме извести дали и кога ќе има официјално отворање на болницата. Јас само дознав дека Филипче пристигнал таму, се фотографирал со модуларната болница и си заминал. Никој мене не ме известил и не ме поканил. А со Филипче сме другари уште од Клиника. Тој неколку пати доаѓа во Гостивар, а никогаш не ми се јавил за да пиеме кафе – рече Таравари.


Администратор
15/09/2021 03:34