Изложба на фотографии на режисерот Милчо Манчевски ќе биде отворена денеска од 17 до 20 часот во Галерија „Академија“ на Националната Академија за ликовни уметности во Софија.
Изложбата насловена „Таму“ е составена од 88 колор дела на тема улична фотографија.
-„Таму“ го надградува и го проширува досегашниот опус на фотографски дела на Милчо Манчевски, УЛИЦА и ПЕТ КАПКИ СОН, велат од Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Софија.