Женската кадетска ракометна репрезентација на С Македонија денеска обезбеди пласман во полуфинале на ЕХФ шампионатот во Литванија со победата од 21:20 против Финска.

Репрезентативките натпреварот го започнаа одлично, со што цели 13 минути останаа без примен гол со водство од шест голови разлика, меѓутоа потоа следуваа неколку последователни голови на противникот, кои доведоа до израмнето полувреме од 11-11.

Во вториот дел репрезентативките повторно се вратија во игра и успеаја да извојуват победа со што го обезбедија второто место во својата група кое ги носи до полуфинале.

Во полуфиналето, селекцијата на С Македонија во сабота ќе се соочи со репрезентацијата на Полска.


Администратор
12/08/2021 22:29