Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без струја денеска ќе останат дел од корисниците во скопските општини Центар и Бутел, соопшти РЦУК.

Без електрична енергија во периодот од 08:30 до 15 часот, ќе бидат корисниците од улица „Орце Николов“ на потегот од Општина Центар до улица „Кострурски Херои“ броеви од 109 до 121 во Општина Центар.

Во периодот од 07:30 до 14 часот, пак, без струја ќе бидат корисниците од улиците „Александар Урдаревски“, „Петар Манџуков“, деловните објекти околу пазарчето Бутел и улица „Бетовенова“ во Општина Бутел.


Администратор
03/08/2021 13:26