Во Тетово денес беше одбележана 20 годишнината од загинувањето на полицаецот Цоки Стојановски во оружениот конлифкт во 2001. Стојановски кој загина 28 години беше полициски службеник во сообраќајната полиција, а животот го загуби при извршен напад врз полициски пункт кај објектот на Радио Тетово.

Оддавањето почит започна со помен парастос на неговиот надгробен споменик на православните гробишта во Тетово. Потоа му беше оддадена почит со положување цвеќе на неговата спомен биста во кругот на сообраќајната полиција во Тетово.

Неговиот татко Лазо потсети дека Цоки иако бил ранет се вратил во редовите на безбедносните сили по што го загубил животот во одбрана на државниот суверенитет.

-ДРЖАВАТА ТОТАЛНО ГИ ЗАБОРАВИ. ДВАЕСЕТ ГОДИНИ НЕМАМ НИКАКВА ПОМОШ ОД ДРЖАВАТА. СИТЕ ОВИЕ ПОМЕНИ КОИ ГИ ПРАВАМ ГИ ПРАВАМ СО СОПСТВЕНИ СРЕДСТВА. НИШТО И НИКОГАШ ДРЖАВАТА НЕ МИ ПОМОГНАЛА. НИТИ ОЧЕКУВАМ ДЕКА ЌЕ МИ ПОМОГНЕ, А ЈА ЌЕ ПРОДОЛЖАМ СЕКОГАШ ДА ГО ПРАВАМ ПОМЕНОТ НА МОЈОТ СИН, ЗАТОА ШТО ЖИВОТОТ ГО ДАДЕ ЗА ОВАА ЗЕМЈА ВО КОЈА НИЕ ЖИВЕЕМЕ СИТЕ. САМО ХЕРОИТЕ ТОА ГО ПРАВАТ. КОГА СИН МИ МОЈ СЕ БОРЕШЕ И ГИНЕШЕ, НЕКОИ ПОЛИЦАЈЦИ ОДЕА НА ОДМОРИ И БЕГАА ОД ВОЈНАТА. НО СИНОТ МОЈ ВЛЕЗЕ ВО ОГИН ВО ВОЈНА И СЕ БОРЕШЕ ДО КРАЈ. ТОЈ БЕШЕ ЕДНАШ РАНЕТ, СО ПРОСТРЕЛНА РАНА ВО НОГАТА, БЕШЕ ВО БОЛНИЦА, ЈА ГО ЗЕДОВ ОД ТАМУ, НА ТРЕТИОТ ДЕН НА КОЛЕГИТЕ ИМ РЕЧЕ ЈА ЌЕ СЕ ВРАТИМ НАЗАД ВО ОДБРАНА И ХЕРОЈСКИ ГО ДАДЕ ЖИВОТОТ. ГИ ОСТАВИ НЕГОВИТЕ ДЕЦА НА ЕДНА И ШЕСТ ГОДИНИ, ЈАС ОВИЕ ГОДИНИ СЕ БОРАМ ДА ГИ ШКОЛУВАМ И ВРАБОТАМ, ИЗЈАВИ ЛАЗО СТОЈАНОВСКИ, ТАТКОТО НА ЦОКИ.

Марин Најдов од Одборот на бранители порача дека бранителите не смеаат да се заборават.

-ДЕНЕС СЕ НАВРШУВААТ 20 ГОДИНИ, А КАКО ДА БЕШЕ ВЧЕРА. СИТЕ СЕ СЕЌАВАМЕ НА НАСТАНОТ. МЕЃУТОА ДЕКА ПЕРИОДОТ Е ДОЛГ И НЕ Е КРАТОК ПОКАЖУВА ТОА ШТО НЕГОВИТЕ ТОГАШ МАЛИ ДЕЦА СЕГА СЕ ВОЗРАСНИ ЛУЃЕ. НАШИТЕ СЕЌАВАЊА ЗБОРУВААТ ДЕКА ТОА БЕШЕ ВЧЕРА, А ТОА СЕ СЛУЧИ НА 14 ДЕНА ПРЕД ПОТПИШУВАЊЕ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР. ТОЈ БЕШЕ ПРИСУТЕН НА СИТЕ ПРОСТОРИ ВО 2001 ГОДИНА ВО ТЕТОВСКИОТ КРАЈ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА. ЖИВОТОТ ГО ЗАГУБИ БРАНЕЈЌИ ЈА СВОЈАТА ДРЖАВА, НЕ ЖАЛЕЈЌИ СЕ СЕБЕ, ОСТАВИ РОДИТЕЛИ, СЕСТРИ, ДЕЦА, СОПРУГА. ОД НАШАТА КОЛЕКТИВНА МЕМОРИЈА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ИЗБРИШЕ ПРИДИНЕСОТ НА ЦОКИ ДА ЈА БРАНИ ДРЖАВАТА, НЕ СМЕЕ ДА ГИ ЗАБОРИВМЕ, КАКВА ЛИ ЌЕ БИДЕ ИДНИНАТА АКО МИНАТОТО СЕ ЗАБОРАВИ. ИДНИНАТА Е ВРЗАНА СО МИНАТОТО. БЛАГОДАРНОСТ НА ТАТКОТО ЛАЗО ОВИЕ 20 ГОДИНИ НЕ ДОЗВОЛИ НИ ЕДНА СЕКУНДА ДА СЕ ЗГАСНЕ СЕЌАВАЊЕТО НА ЦОКИ. ТОА НЕ ГО НАПРАВИЈА ОРГАНИЗАЦИИТЕ КОИ ИМ Е ОБРВСКА И ДОЛЖНОСТ, ТОА ГО НАПРАВИ НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО.

Дел од одбележувањето на годишнината е традиционалниот турнир во мал фудбал кој се организираше во чест на Цоки Стојановски.


Администратор
31/07/2021 15:24