Австралиските власти воведоа тридневно затворање на сојузната држава Квинсленд, вклучително и на третиот град по големина во земјата, Брисбејн.

Во Квисленд пријавени се шест нови случаи на Ковид-19 и сите се поврзани со средношколецот, чиј тест во четвртокот беше позитивен.

На граѓаните во Квинсленд дозволено им е да излегуваат од домот само поради купување на основните продукти или извршување на важни работи, вежбање или посета на лекар.

И најголемиот австралиски град, Сиднеј е затворен поради ширење на делта сојот.

Околу илјада полицајци се распоредени во околината на Сиднеј за да спречат протести против рестриктивните мерки. Стотици припадници на австралиската армија од понеделник ќе помогнат во спроведувањето со мерките.

Сиднеј ќе биде затворен до 28 август, при што на граѓаните им е забрането да ги напуштат своите домови, освен за вежбање, пазарување, нега и други основни причини.

Во Австралија вкупно со Ковид-19 се инфицирале 34.000 луѓе, а регистрирани се 924 смртни случаи.


Администратор
31/07/2021 15:24