Владата на Република Македонија на 93-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за преземање активности во врска со дигитализацијата на картотеките при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”.

При тоа го задолжи Фондот за иновации и технолошки развој средствата добиени од Министерството за култура во износ од 5.000.000 денари наменски да ги искористи за дигитализацијата на картотеките при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”, а согласно објавениот јавен повик, се наведува во соопштението на владината прес-служба.

Владата ја разгледа и информацијата за реконструкција на спортската сала „Партизан“ во Општина Карпош и ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да спроведе постапка за избор на изведувач на работите и да ги обезбеди средствата во висина од 70.000.000 денари распределени по годишни износи за 2021, 2022 и 2023 година.


Администратор
31/07/2021 12:53