Бројот на работниците во индустријата во јуни годинава, во однос на истиот месец лани е намален за 0,7 отсто, додека во периодот јануари – јуни 2021 споредено со истиот лански период намалувањето изнесува 2,4 проценти.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, бележи опаѓање од 7,2 проценти, во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,6 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија од 0,1 процент.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во претходниот месец на годишно ниво бележи опаѓање кај Енергија за 3,8 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,1 проценти, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,1 проценти, Капитални производи за 8,1 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,9 проценти.


Администратор
30/07/2021 13:41