Теренската вакцинација продолжува и утре во 19 населени места. Вакцинацијата, како што соопшти попладнево Министерството за здравство, ќе се одвива во следниве населени места:
Тетово – Челопек, Блаце, Милетино, Новиот Челопек
Гостивар – Симница, Џеновица, Сушица
Струмица – Владевци
Кочани – Прибачево
Кичево – Вранештица, Староец
Македонски Брод – Крапа, Суводол
Велес – Чолошево, Дурутовец, Башино село
Скопје – Горњани, Глуво, Блаце
Од Министерството за здравство посочија дека секојдневно информираат преку соопштенија за денот и местата за теренско вакцинирање за Ковид-19.