Сезоната за берба на шумски плодови на планината Кожуф, официјално ќе почне од први август, потврдија денеска од подружницата на Шумското стопанство во Гевгелија, каде почна и издавањето дозволи за престој во планина и собирање шумски плодови.

– Од први август, сите кои сакаат можат слободно да собираат шумски плодови и лековити растенија кои можат да се најдат на планината Кожуф. За таа цел претходно со приложување на лична карта, треба да добијат дозвола од нашата подружница која чини 400 денари од лице со важност до крајот на оваа година,појаснија од гевгелиската подружница „Кожуф“.

Покрај ова беше нагласено дека оние кои сакаат да откупуваат шумски плодови ќе треба да се јават во дирекцијата на ,,Македонски шуми“ во Скопје каде ќе треба да склучат договор и да се верификуваат како откупни центри. им/цр


Администратор
29/07/2021 16:20