Кошаркарската НБА лига објави дека новата 2021/22 сезона ќе почне на 19 октомври, а финалето на разигрувањето за титулата би требало да заврши најдоцна до 19 јуни 2022 година.

Четири денови подоцна, на 23 јуни идната година, треба да се одржи драфтот.

Идентично како и во минатата сезона, во која шампионската титула ја освои екипата на Милвоки, повторно ќе се игра таканаречениот „плеј ин“ во кој тимовите ќе разигруваат за пласман во плејофот. јавија американските медиуми.

Шесте најдобри екипи од секоја конференција ќе обезбедат директен пласман во разигрувањето за титулата, додека по четири екипи (пласирани од 7. до 10. место) ќе разигруваат за преостанатите две места во секоја од НБА конференциите.


Администратор
29/07/2021 12:50