Во рамки на Скопско лето вечер на Факултетот за ликовни уметности – објектот Сули ан ќе се одржи концерт насловен „Модерниот дух на староградската песна“ на Лаура Крлиу и нејзиниот бенд. Идејниот концепт е на Лаура Крлиу.

„Модерниот дух на староградската песна“ е концерт на кој Лаура Крлиу придружена од нејзината група ќе ги изведат најубавите староградски албански песни во нови модерни аранжмани како и неколку авторски песни.

Лаура Крлиу како долгогодишен уметник – пејач, ќе ги испее најубавите староградски песни на начин на кој што досега не се изработени. Покрај тоа Лаура за прв пат ќе изведе свои песни на концертот во истиот стил. Оркестарот ќе го сочинуваат музичари од повеќе етнички заедници како и танчерска група, за што ќе придонесат овој концерт да биде фузија од уметности и култури на кој публиката нема да остане рамнодушна. „Модерниот дух на староградската песна“ е проект со цел да се оживеат најубавите староградски албански песни со нови модерни аранжмани.


Администратор
29/07/2021 12:04