Втор проект за „Црниот супермен“ ќе биде во фаза на продукција на „Ворнер брос“, со Мајкл Б. Џордан кој работи на тоа за „ХБО Maкс“. Се работи за мини-серија.

Верзијата на Џордан би се сосредоточила на верзијата во која Супермен е црнец, по име Вал-Зод, кој исто така потекнува од планетата Криптон, но од различен универзум. Исто како и оригиналниот стрип-суперхерој, по смртта на неговите родители тој е испратен на Земјата и ја презема наметката на Супермен.

„ХБО макс“ има и други проекти засновани на „ДЦ комикс“ меѓу кои има и одгранок-продолженија на „Одредот на отпишаните“ и „Бетмен“, како и серијата „Зелениот фенер“. Освен тоа, компанијата ги презеде и сериите „Титани“, „Харли Квин“ и „Патрола на проколнатите“.


Администратор
26/07/2021 13:47