Англискиот вицешампион Манчестер јунајтед денеска го продолжи договорот со својот актуелен тренер Оле Гунар Солскјер до лето 2024 година.

Норвешкиот 48-годишен стратег седна на клупата на Јунајтед во декември 2018 година како замена за Португалецот Жозе Мурињо и на крајот на сезоната заврши со екипата на шестото место во Премиер лигата.

Во сезоната 2019/20, прва во која беше на клупата од самиот почеток, Норвежанецот со Јунајтед го освои третото место, со полуфиналиња во Лига купот, ФА купот и Евролигата, а минатата сезона „црвените ѓаволи“ завршија второпласирани во првенството, а во финалето на Лига Европа загубија од Виљареал на пенали.


Администратор
24/07/2021 17:25