Наполи и Челзи преговараат за трансфер на дефанзивецот Емерсон (28), кој со Италија неодамна ја освои европската титула, но двете екипи засега не се блиску до договор, јавија денеска италијанските медиуми.
Стандaрден во премиерлигашот Челзи на левата странична дефанзивна позиција е англискиот репрезентативец Бен Чилвел, додека Емерсон минатата сезона запиша само два настапи во Премиер лига, а втакупно 15 во сите натпреварувања.
Емерсон има договор со Челзи до јуни 2022 година, но лондонскиот клуб може да ја активира клаузулата за уште една година.