Премиерлигашот Тотенхем денес објави продолжување на договорот со напаѓачот Сон Хеунг Мин.

Новиот договор со 29-годишниот фудбалер од Јужна Кореја е со важност до крајот на јуни 2025 година.

Сон е член на Тотенхем од летото 2015 година. Во сезоната 2020/21, напаѓачот одигра 51 натпревар за Спарс, постигна 22 гола и 17 асистенции.

На 18 јули беше објавено дека напаѓачот ќе добие 12 милиони евра годишно според новиот договор.


Администратор
23/07/2021 14:37