Македонската машка кошаркарска репрезентација до 20 година ја забележа и втората победа на ФИБА „Челенџер“ купот, откако попладнево во второто коло ја совлада Романија во драматичен натпревар по продолжение со 79:78 (18:13, 19:18,17:18,13:18,12:11).

Вториот натпревар на македонските кошаркари на турнирот во унгарскиот град Шопрон во регуларниот дел заврши 67:6, иако „црвено – жолтите“ имаа убедливо водство во голем дел од натпреварот.

Откако романските кошаркари ја надоместија негативата од 19 поени, победникот се одлучи во продолжение од пет минути, а триумфот на македонската репрезентација со тројка на четири секунди пред крајот го донесе Лука Савичевиќ.

Македонските кошаркари до 20 години во првото коло вчера го совладаа Луксембург, а следен противник ќе им биде репрезентацијата на Швајцарија.


Администратор
21/07/2021 22:53