На денешната прес конференција на пратеникот Антонијо Милошоски, на новинарско прашање во врска со изјавата на Зоран Заев за датумот на локални избори, истакна дека локалните избори не се определуваат по желба на било кој политичар, а ВМРО-ДПМНЕ очекува партии да го почитуваат законскиот и уставен рок на 17-ти октомври да се случи првиот круг од локалните избори.

-Локалните избори не се определуваат за желбата на било кој политичар било и тој да е премиерот, локалните избори се одржуваат во точно определн термин според Уставот и законот, а Уставниот и законски термин за локални избори е 17 октомври првиот круг, посочи Милошоски.

Тој рече дека се’ друго значи прекршување на Уставот и законите, внатрепартиските и меѓукоалиционите пресметки во ДУИ, СДСМ, БЕСА, и помалите коалицициони партии не треба да бидат проблем за државата и за граѓаните и не треба да бидат изговор за одржување на изборниот ден на 17-ти октомври.

-Се друго би било неуставно и би можело да го загрози целиот изборен процес како незаконит и незаконито да им се продолжи мандатот на градоначалниците и советите на општините. ВМРО-ДПМНЕ очекува сите политички партии да го почитуваат уставниот и законски рок, а тоа е 17-ти октомври прв круг локални избори во Македонија, истакна Милошоски на прес конференцијата.


Администратор
21/07/2021 13:56