Обожавател на „Џејмс Бонд“ филмовите, со само неколку недели живот, се надева дека ќе го изгледа најновото продолжение – „Нема време за умирање“ (No Time to Die), пред да почине.

Џејмс Милар, 57-годишен вљубеник на 007-приказната, е буквално опкружен со мотиви од најпознатиот филмски таен агент. Неговата ќерка Реми објави кратко видео во коешто прикажува дел од колекцијата и прашува – дали некој може да му помогне на татко ѝ да го погледне филмот, чиешто прикажување неколкупати се одложува, а следниот „прв датум“, засега, е 8 октомври годинава?

„Татко ми е доживотен обожавател на ’Џејмс Бонд’. Но, му остануваат само неколку седмици живот, има 57 години и нема да успее да го дочека датумот на објавување на #NoTimeToDie . Ве молам, може ли некој да помогне?“, напиша таа на Твитер, покрај видеото.

Објавата досега собра над 2.700 допаѓања и преобјавувања.

„Нема време за умирање“ првично требаше да излезе во 2019 година, но повеќепати се одложуваше, прво поради проблеми со режисерот, а потоа и поради пандемијата на коронавирусот. Сега премиерата е закажана за октомври.

„Варајети“ ги контактираше продуцентите на филмот – од компанијата „Еон продакшн“ и меѓународниот дистрибутер на филмот „Јуниверзал пикчрс“, за коментар на барањето на семејството Милар.


Администратор
24/06/2021 13:07