Сместувањето во средношколскиот дом во Гостивар е значително подобрено со последните вложувања преку Министерството за образование и наука. Со последното подновување, зголемен е и капацитетот што овозможува престој на близу 300 средношколци.

За текот на работите и новите услови се запознаа заменик министерот за образовани наука Арафат Шабани, претставници од секторот за ученички и студентски стандард кои денес го посетија гостиварскиот интернат.

– Во нашата земја има 18 вакви домови и изминатиов период во нив се вложени над 50 милиони денари во набавка на инвентар. Наскоро ќе се набави и нова опрема за кујните. На тој начин значително ќе ги подобриме условите во сите домови. Задоволен сум од она што тука е направено и сакам да го пофалам тимот и директорката што го менаџираат овој средношколски дом. Тоа е одличен пример за успешно раководење, рече Шабани.

Тој потсети дека од утре почнува пријавување за сместување во ученичките домови и упати апел до средношколците да ја искористат оваа можност.

Гостиварскиот интернат од наесен ќе стави на располагање подновени соби, занимални, реновирани тоалети, разубавен хол, просторија за спортска рекреација

– Во нашиот ученички дом овие три години интензивно се работеше на подобрување на условите, како за учениците, така и за вработените. Женскиот дел е целосно подновен, а наскоро ќе биде и делот за сместување на машки. Инвестициите надминуваат 100 илјади евра и покрај МОН, општината, ни помогнаа и приватни компании. Работиме домаќински, во насока ова стане пристојно катче за престој. Вложуваме напори за поправка на фасадата и уредување на дворот, рече Линдихана Салаи Сулејмани, директорка на интернатот.

Конкурсот за прием на средношколци е распишан и од утре ќе почне пријавувањето на територијата целата земја. Во ученичкиот дом во Гостивар има слободни 300 места, а пријавите може да се поднесат и онлајн.


Администратор
23/06/2021 14:14