Наградниот фонд на годинешното издание на грен-слем турнирот во Вимблдон е намален и победниците во машка и женска конкуренција ќе добијат по 2,4 милиони долари, што е за речиси 28 отсто помалку во споредба со 2019 година.

Како што соопштија организаторите на лондонскиот грен-слем турнир, намалувањето на наградниот фонд, пред сè, се должи на редуцираниот број гледачи што ќе биде дозволен на трибините, како и задолжителните ковид тестови за тенисерите и нивните делегации.

Вкупниот награден фонд е намален за 5,2 отсто.

Во 2019 година изнесуваше 52,1 милиони долари, а годинава ќе изнесува 49,5 милиони долари.

Лани турнирот не беше одржан поради пандемијата на коронавирус, а годинешното издание почнува на 28 јуни.


Администратор
18/06/2021 23:15