Раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија очекуваат поповолна состојба со обемот на производство во наредните три месеци во однос на претходниот месец.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во мај 2021, во однос на април 2021 година, е понеповолна, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во мај 2021 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна во однос на мај 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2021 година изнесува 71,3 отсто од нормалното искористување, а најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 20,5 отсто, неизвесното економско опкружување со 16,3 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 15,6 отсто и недоволната домашна побарувачка со 14,4 отсто.

Според нивните оцени индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2021 година е зголемен за 0,1 процентни поен во однос на април 2021 година и изнесува 14.8, а во однос на мај 2020 година е зголемен за 1,8 процентни поени


Администратор
16/06/2021 22:58