Државната кинеска компанија „Џенерал нуклеар пауер груп“ (General Nuclear Power Group – CGN) објави дека активностите во нејзината нуклеарна централа на југот на Кина ги исполнуваат безбедносните правилата и оти животната средина е безбедна.

Соопштението уследи по медиумски извештаи за можна радиолошка закана.

Си-Ен-Ен денеска објави дека американската Влада испитува истекувања во нуклеарната централа ЦГН во кинескиот округ Таишан во последните седум дена, откако француската компанија „Фраматом“, која е делумен сопственик, предупреди на непосредна радиолошка закана.

– Двата реактора од почетокот на комерцијалните операции работат во согласност со правилата и прописите за нуклеарна безбедност. Во моментов, редовните податоци за мониторинг покажуваат дека станицата Тајшан и нејзината околина ги исполнуваат нормалните параметри, објави ЦГН на својата интернет-страница.