Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјањин вчера најави лотарија со главна награда – автомобил, со цел да ги охрабри скептиците да се вакцинираат против коронавирусот. Ова, во миг кога Русија се соочува со нов бран заразени.

– Сепак, се разбира, главната цел на лицето кое ќе реши да се вакцинира е неспоредливо со кој било автомобил. Главната цел е личното здравје и духовната рамнотежа на луѓето, рече градоначелникот.

Секоја недела ќе има пет автомобили во вредност од по еден милион рубљи (11.500 евра). Поради поголемиот број случаи со коронавирус, Собјањин претходно објави и дека деновите од 15 до 19 јуни ќе бидат неработни и дека сите барови, ресторани и слични места ќе бидат затворени до 23 часот до 20 јуни.

Русија потврди нови 14.723 случаи на коронавирус, од кои 7.704 во главниот град Москва, којшто е и најголемото жариште во овој миг. До денес во Русија се потврдени вкупно 5.208.687 заразени со коронавирусот, од кои 126.430 се смртни случаи.

Кампањата за вакцинација почна во декември, но бавно напредува поради недовербата на јавноста кон вакцината. Досега, едвај 18 милиони ја добиле првата доза. Тоа е околу 12 насто од населението, според официјалните податоци.


Администратор
14/06/2021 11:41