Петре Шилегов троши 500 евра за клупи од тропско дрво со седум даски, додека во продавница или на интернет сајтови клупи се продаваат за 150 евра.

За Шилегов се е решено и Скопје нема никаков друг приоритет, па реши дека и 500 евра за клупа, односно 350 евра повеќе од вообичаеното не е многу.

Шилегов една клупа ја плаќа трипати поскапо.

Секаде понудите се плаќаш едно, а добиваш две или три, само кај Шилегов плаќаш три, а добиваш едно. Така е кога Шилегов располага со парите на скопјани, тие за него немаат тежина и обврска па се расфрла.

Скопје 4 години стагнира, нема капитални инвестиции, нема нови зелени површини, нема проекти кои ќе го подобрат животот на луѓето, но затоа има клупи од 500 евра.

Шилегов е најлошиот градоначалник, тој е пример како расипнички да се потроши буџетот, а да не се направи ништо.

4 години со Шилегов и Заев, 4 години украден живот. Доста е!