Победник на 27. Белградски спринт триатлон, што се одржа вчера на Ада Циганлија е 18-годишниот Иво Јован Димовски, кој иако јуниор, успеа со филмски фотофиниш да ги надмудри сите останатите натпреварувачи.

Со 11 медали се врати триатлон-тимот на „Триоги рејсинг“ од Скопје.

Од останатите македонски натпреварувачи, медали освоија:

*Пионери – Марио Брезовски освои златен медал.

*Млади јуниорки – Магдалена Станковска – сребрен медал и Ева Здравев – бронзен.

*Млади кадетки – Јована Каленикова – освои златен медал, Јана Ѓоријевска – сребрен, а Хана Јовановска – бронзен.

*Млади кадети – Бобан Јаневски освои сребрен медал, а Јосиф Малински – бронзен.

*Млади пионерки – Калина Ѓорѓијевска освои трето место во млади пионерки.

*Возрасни – Александар Здравев – златен медал

Стефан Делев од клубот „Софка“ од Скопје го освои третото место во категоријатa млади јуниори.


Администратор
13/06/2021 13:02