Продолжува работната посета на Скопје од страна на членовите на парламентарната група на Врховната рада на Украина за меѓупарламентарни односи со Македонија.
Денес, делегацијата на украинскиот парламент составена од народните депутати Валериј Зуб, Максим Перебијнис и Дмитро Наљотов оствари средба со заменик Министерот за економија Зоран Маневски.
За време на средбата се дискутираше за моменталната состојба и понатамошните изгледи за развој на украинско-македонската соработка. Исто така е важно да се продолжи со активниот развој на трговско-економската соработка, особено соработката во медицинската и туристичката сфера.
Беше истакнато значителното интензивирање на трговско-економската соработка, суштинското зголемување на билатералната трговија. Страните изразија уверување дека одржувањето на Меѓувладината украинско-македонска комисија за трговско-економска соработка на 16 јуни, претстојната средба на Првиот вицепремиер на Украина - Министерот за економија на Украина, Олексиј Љубченко со Министерот за економија на Република на Северна Македонија Крешник Бектеши, како и воведувањето измени и дополнувања на Договорот за слободна трговија меѓу Украина и Северна Македонија, значително ќе ја интензивираат економската соработка.
Одделно, страните дискутираа за прашања поврзани со соработката во областа на туризмот.
Во врска со посетата на украинската парламентарна делегација во Амбасадата на Украина во Скопје, се одржа свечен настан на кој, покрај украинските депутати, беа поканети членовите на парламентарната „група за пријателство“ со Украина, Собранието на Република Северна Македонија, претставници на украинската заедница „Лесја Украинка“.
Амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук: „Многу е пријатно да се забележи интензивирањето на односите меѓу Украина и Северна Македонија во сите сфери. Имаме интензивен политички дијалог, значително зголемување на економската соработка. Општо земено, Украина присуствува се повеќе во Северна Македонија. Ние исто така го цениме фактот дека Украина и Северна Македонија ја продолжуваат меѓупарламентарната соработка. Им благодариме на нашата украинска делегација за нејзината активност, и на нашите македонски пријатели за богатата и продуктивна програма на посетата.
Одиме напред!"