“Ќе ве побарам подоцна“ но ова никогаш не го направи градоначалникот на Липково, Ерхан Арифи, кога телевизија Алфа денеска го побарала за да го праша дали во време на пандемија беше неопходно да ја „олесни“ општината за неверојатни 200 000 евра за да изгради спомен кула за борците на ОНА.
Зошто Арифи избега од одговор останува непознато.
Договорот со фирмата „Хоџа инжинеринг“ од Куманово што ќе ја гради кулата е веќе објавен на сајтот на бирото за јавни набавки, а рокот за изградба е шест месеци, односно до 25 ноември. Договорот, со вклучено ДДВ е склучен на сума од 12.115.109 милиони денари, или приближно 200.000 евра. Токму на местото, каде што треба да се изгради спомен обележјето, на 2 мај годинава, на 20-годишнината од воениот конфликт,лидерот на ДУИ, Ахмети положи свежо цвеќе, и вети дека спомен кулата набрзо ќе биде изградена.
Градоначалникот на Липоково неодамна за медиумите изјави дека споменикот ќе биде легално поставен со сите дозволи.