Во Скопје утревечер премиерно ќе биде прикажан трејлерот за новата македонска акциска серија насловена BLACK OPS.

Серијата е во продукција на Artistic Film Production, под режисерската палка на Billy D. (Били Дурмишовски).

-Квалитетната актерска екипа, составена од David Mukka, Христијан Тасковски – Таско, Стефан Лазаров, Тамара Тодевска, Ана Стојановска, Игор Џамбазов и многу други, овој викенд премиерно ќе ја внесат јавноста во неизвесниот свет на BLACK OPS, исполнет со уникатна форма на акцијата и драмата како жанрови, најавува продукцијата.

Black Ops е серија која го следи Вилијам Конор, американски војник, соочен со најтешките предизвици и најголемите тешкотии во животот. Низ исклучително збунувачки збир на околности, тој започнува да ги составува изгубените парчиња од една неизмерно огромна и мрачна загатка што го води кон Балканот во Источна Европа и можноста за спасување на неговото киднапирано семејство. Со помош на неговите пријатели Бабиќ и Нора, Конор успева да започне да ги бара слабостите на неговиот противник Сатар, за да открие дека меѓу сенките на злосторствата на Сатар, демнее многу посуптилен и опасен непријател.

Промотивниот настан за како што ја нарекуваат, оваа нова експлозивна филмска акција, ќе се одржи на платото пред Скопје Сити Мол – (од страната на Тренд Кафе), а премиерата на трејлерот на BLACK OPS е од затворен карактер и ќе се одржи во Синеплекс


Администратор
04/06/2021 18:09