Една 17-годишна девојка од американската држава Калифорнија со голи раце турна мечка од оградата на дворот на нејзината куќа за да ги спаси своите кучиња.

На видеото, објавено од Би-Би-Си, се гледа како девојката притрчува во дворот, а кога ја видела мечката како се качила на ѕидот заедно со мечињата и ги напаѓа кучињата, ја турнала преку оградата.

„Сè започна кога таа ги слушна кучињата како лаат во дворот и отиде да ги провери“, пренесе Би-Би-Си, додавајќи дека мечката избегала по инцидентот.

На крајот од видеото може да се види како и девојчето и кучињата бегаат, а ниту таа ниту кучињата не беа сериозно повредени во оваа прилика.


Администратор
02/06/2021 11:59