Поранешните прославени капитени на англискиот фудбалски гигант Манчестер јунајтед, Ерик Кантона и Рој Кин, денеска се примени во Куќата на славните на Премиер лигата.

Поранешниот француски репрезентативец Кантона го носеше дресот на Јунајтед од 1992 до 1997 година и за пет сезони освои четири шампионски титули.

– Многу сум среќен и горд, а во исто време не сум изненаден. Беше сон да се игра во Англија. Сите сонуваат да играат во Премиер лигата. Имав среќа да играм во екипата на Манчестер јунајтед со прекрасни соиграчи, прекрасен тренер и прекрасни навивачи, изјави Кантона.

Кин, најтрофејниот ирски фудбалер на сите времиња, од 1993 до 2005 година одигра 366 премиерлигашки натпревари за Јунајтед, постигна 39 голови и освои седум титули.

Први членови на Куќата на славните на Премиер лигата минатиот месец станаа Тјери Анри и Алан Ширер.


Администратор
18/05/2021 22:49