Пет лица се приведени во два одвоени случаи поради физички напади во текот на вчерашниот ден во Тетово. Полицајци вчера во 15:15 часот во Тетово ги лишиле од слобода А.Л.(25) и А.Е.(24), двајцата од Тетово, затоа што претходно на улица „Иво Лола Рибар“ физички го нападнале Ф.А.(31) од тетовски Порој. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им биде подготвен соодветен поднесок, информира СВР Тетово.

-Вечерта околу 20 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.К.(24), А.Ф. и Е.А., сите од Тетово, затоа што претходно во маркет на ул.„Иво Лола Рибар“ физички го нападнале Ф.И.(30) од Тетово, при што се обиделе да употребат и остар предмет, но биле спречени, информира полицијата.

Тие биле приведени во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.


Администратор
18/05/2021 15:01