Американските власти почнаа истрага за водечката платформа за трговија со криптовалути – Binance. Од Министерството за правда ќе ја проверат компанијата поради сомневања за перење пари и даночни прекршоци.

Основана во 2017 година, платформата е најголема за пазарот на криптовалути во светот. Регистрирана е на Кајманските Острови и има канцеларија во Сингапур. Американската комисија за трговија со стoкови фјучерси води истрага дали Binance им дозволувала на американски граѓани да прават незаконска трговија преку таа платформа поврзана си дигитални токени.

Граѓаните на САД имаат право да купуваат само преку компании регистрирани од комисијата. Пред извесно време, од Binance изјавија дека има случаи во кои биле запрени такви обиди за нелегално тргување и тие ги замрзнале корисничките сметки во нивниот систем.

Според пресметките на аналитичката компанија Сhаіаnаlуѕіѕ од 2019 година, околу 756 милиони долари од вкупно две милијарди и 800 милиони долари нелегални трансакции, направени со биткоини минале низ Binance.


Администратор
15/05/2021 00:38