Холандскиот селектор Франк де Бур го објави денеска поширокиот список фудбалери за претстојното Европско првенство (ЕП) на кое Холандија на 21 јуни во Амстердам ја пречекува македонската репрезентација во завршното трето коло во групата Ц.

На список на Де Бур се наоѓаат 34 репрезентативци: (голмани) – Марко Бизот, Јаспер Силесен, Тим Крул и Мартен Стекеленбург, (одбрана) – Нејтан Аке, Дели Блинд, Матијас де Лихт, Стефан де Фрај, Дензел Думфрис, Ханс Хатебор, Рик Карсдорп, Џеремија Сент Јуст, Кени Тете, Жирум Тимбер, Патрик ван Анхолт, Жоел Фелтман, Овен Вијндал, (среден ред) – Френки де Јонг, Мартен де Рун, Рајан Гравенберх, Деви Класен, Теун Купмеирнес, Дони ван де Бек, Тони Вилхена, Жоржињо Вајналдум, (напад) – Стивен Бергјус, Стивен Бергвајн, Лук де Јонг, Мемфис Депај, Анвар Ел Гази, Коди Гакпо, Донјел Мален, Квинси Промес, Воут Вегхорст.

На списокот на де Бур го нема искусниот Рајан Бабел, а поради рехабилитација од повреда Европското првенство ќе го пропушти дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк.

Холандија во двата воведни натпревари од групната фаза на ЕВРО 2020 ќе ги одигра на 13 јуни против Украина и четири денови подоцна против Австрија.


Администратор
15/05/2021 00:35