Министерството за здравство на Перу денеска покрена истрага против медицински сестри кои се обиделе на пациентите да им вбризгаат празни шприцови во текот на кампањата за вакцинација против Ковид-19 во таа земја.
Пријавени се три случаи за злоупотреба во главниот град Лима.
– Трите случаи се целосно идентификувани, изјави портпарол на Министерството за здравство на Перу.
Во државата досега се вакцинирани само два отсто од популацијата, вклучувајќи ги лицата на возраст над 80 години, лекарите и медицинскиот персонал.