Судски спор против Европската комисија доби американскиот гигант за електронска трговија, Амазон, врз основа на претставка поврзана со наредбата на Комисијата да му плати на Луксембург разлика од 250 милиони евра на име даночно олеснување.

Општиот суд на ЕУ оцени дека ЕК не докажала дека Луксембург, во кој се наоѓа европскиот огранок на Амазон, и дал на американската компанија нелегална предност во однос на даноци.

Во 2017 година, извршната власт на Европската унија објави дека Луксембург одобрил несоодветно даночно олеснување на Амазон, наведувајќи дека на компанијата и е дозволено да плати четирипати помалку данок од другите домашни компании што подлежат на истите национални регулативи. Амазон ја оспори таа проценка.

Комисијата има право на жалба на таа одлука на судот, со покренување случај пред највисокиот суд на ЕУ.


Администратор
12/05/2021 23:44