Фудбалерот за врска на Барселона, Миралем Пјаниќ, може да се врати во Јувентус.

Според радиото „РАЦ1“ претставници на клубовите неодамна се состанале за да разговараат за можното враќање на Босанецот.

Се претпоставува дека Пјаниќ може да биде заменет со уругвајскиот играч за врска на Јуве, Родриго Бентанкур.

Во моментов преговорите се прекинати, но Барселона и Јувентус се согласија дека можат да ги продолжат во секое време.

Пјаниќ се пресели во каталонскиот клуб минатото лето како резултат на размена за Артур. За слична размена се разговара и за 23-годишниот Бентанкур.


Администратор
11/05/2021 13:42