Петтата флота на САД денеска соопшти дека заплениле огромна количина нелегално руско и кинеско оружје на брод што пловел во меѓународни води во Арапското Море.
Запленетото оружје вклучува десетици противтенковски ракети руско производство, илјадници кинески пушки од типот 56 и стотици митралези ПКМ, снајперски пушки и лансери за гранати, се вели во соопштението.
Американскиот крстосувач „Монтереј“ го пресретнал бродот и го откриле товарот за време на рутинска проверка во операцијата извршена на 6 и 7 мај во Арапското Море кај Оман, соопшти Петтата флота чија база е во Бахреин
Припадници на американската морнарица влегле во бродот каде го пронашле оружјето, претежно завиткано во зелена пластика, под палубата. Потеклото на оружјето сега се истражува и каде било испратено, се додава во соопштението.