Одделот за холокауст образование и истражување при Институтот за културно и духовно наследство на Албанците (ИКДНА)-Скопје имаше прв состанок со Клодета Цане, експерт за холокауст студии и активист, дипломирана на Меѓународната магистерска програма Вајс-Ливнат за холокауст образование при Универзитетот „Хаифа“ од Израел.
На состанокот, кој се одржа по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна и Денот на Европа, директорот на ИДКНА Скендер Асани ги презентираше тековните достигнувања во областа на образованието за холокаустот, осврнувајќи се конкретно на публикациите од ИДКНА.
– При нашиот разговор со експертот Клодета Кане, ги истраживме можностите за меѓусебна соработка и проекти, кои би можеле да се развијат во блиска иднина како краткорочни и долгорочни партнерства. Меѓународната програма Вајс-Ливнат за холокауст студии бележи професионални достигнувања во создавањето и негувањето на новата генерација истражувачи и едукатори за холокаустот. Бевме запознати со нивната работа и уживавме во нивната поддршка кон нашите достигнувања, информира Институтот.
На состанокот е разговарано и за идните чекори за потпишување меморандум за соработка, кој би го трасирал патот за соработка меѓу двете образовни институции.