Албанскиот премиер Еди Рама е познат како голем љубител на спортот, посебно на фудбалот.
Тој никогаш не сокрил дека е голем фан на италијанскиот гигант Јувентус и во секоја можна прилика е на трибините да го бодри тимот.
Веќе е познато дека Рама и неговата Социјалистичка партија победија на парламентарните избори, добивајќи доверба од граѓаните за трет мандат како премиер.
Италијанскиот фудбалски клуб во знак на почит честитајќи му ја победата на Рама му испратил дрес со бројот три, во чест на добиениот трет мандат.
За добиениот дар од Јувентус лично се пофали Рама преку статус на Фејсбук.
-Еве честитка и од Јуве за третиот мандат.Grazie Juve, напиша Рама.